
Градоначалникот Миодраг Јовановиќ е роден на 23.11.1959 година во Куманово. Основно и средно образование ги завршува во своето родно место. Во 1985 година дипломирал на Машински факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се здобива со титула дипломиран машински инженер.
Има 18 години професионално работи во ФЗЦ “11 Октомври“ - Куманово како раководител на машинско одржување. Потоа работи како Директор на АД Македонска пошта - подружница Куманово. По завршување на мандатот работи како соработник за маркетинг во Македонска пошта - Куманово. Директорското место во Македонска пошта - Куманово повторно го превзема и се до 16.04.2009 година кога доаѓа на чело на Општина Старо Нагоричане како Градоначалник. Оженет човек, татко на син и ќерка.








