Стандарди на становите
Становите за живеење во општина Старо Нагоричане во голема мерка ги исполнуваат стандардите за живеење во оние населени места каде што има услови за исполнување на овие стандарди (вода, електрична енергија, пристапни патишта и др.)
Физичката распределеност на становите и густина на становите
Општината Старо Нагоричане ја сочинуваат 39 населени места во кои живеат, директно, околу 5.000 жители, а индиректно живеат уште толку, што значи дека економска егзистенција наоѓаат околу 10.000 жители.
Поради специфичната релјефна структура на дел од просторот на општината се формирани населби од разбиен маалски тип, таканаречен џематски тип, односно физиономијата на населбите се одликува со маалата, но има и поединечни куќи кои се разделени помеѓу себе. Маалата или куќите заземаат значителна населена површина.
| Вкупно население | Домаќинства | Станови (сите видови живеалишта) |
| 4840 | 1697 | 3598 |









Квалитет на живеење