Регионални министерства во општината
Подружници на регионалните министерства во општината се:
- Подружници на Министерството за внатрешни Работи, претставено преку полициските станици во Старо Нагоричане и Пелинце;
- Подружници на Министерството за правда, преку своите матични служби во Старо Нагоричане, Младо Нагоричане, Жегљане, Арбанашко, Бајловце и Облавце;
- Министерство за култура - меморијален центар на АСНОМ во Пелинце.
Банки
На територијата на општина Старо Нагоричане нема отворено филијали или подружници на банки.
Канцеларии на Македонски Пошти
На територијата на општина Старо Нагоричане функционираат четири канцеларии на Македонски Пошти и тоа во населените места Старо Нагоричане, Младо Нагоричане, Жегљане и Облавце.
Компании за осигурување
На територијата на општина Старо Нагоричане нема отворено канцеларии на осигурителни компании.
Медиуми
На територијата на општина Старо Нагоричане нема отворено локални медиуми, меѓутоа територијата е добро покриена со националните радио телевизиски и пишани медиуми.
Локални невладини организации
На територијата на општина Старо Нагоричане постојат невладини организации кои како основа на своето делување ги имаат прашањата за заштита на животната средина. „Еко-Тим” - Еколошка канцеларија на општина Старо Нагоричане којашто функционира од средината на 2005 година. НВО „Обединета Српска Заедницаво Македонија” која функционира веќе 15 години. Исто така во општината функционира и НВО „Јелен” - ловечко друштво, а во фаза на формирање се и други невладини организации.









Институции и организации