Патишта (главни патишта, регионални и локални патишта)
Низ територијата на општина Старо Нагоричане поминуваат магистрални и регионални патни правци кои не се во надлежност на локалната самоуправа и тоа се:
-
магистрален пат М - 2, Куманово - Крива Паланка;
-
регионален пат Р - 212, стар пат Куманово - Крива Паланка;
-
регионален пат Р - 202, од Света Петка Младо Нагоричане - Манастир Прохор Пчињски, Република Србија;
-
регионален пат Р - 203, од Р - 202 до с. Рамно
Вкупната патна мрежа на локалните патишта во општината изнесува 223,20 km од коишто се пробиени 118,0 km, тампонирани се 64 km, а асфалтирани се 41,20 km.
Снабдување со вода за пиење, фекална и атмосферска канализација
Снабдувањето со квалитетна вода за пиење на територијата на општина Старо Нагоричане е решено во најголема мера преку локалните водоводни системи во населените места и преку индивидуални бунари. Според расположливите податоци од ЈКП Козјак, количината на потрошена вода изнесува 10.000м3/год или околу 30м3/ден.
Во текот на 1997 година е започнато со изградба на регионалниот водовод Старо Нагоричане – Никуљане, кој е пуштен во употреба во 2003 година. Овој водовод моментално опслужува три населени места или околу 400 домаќинства. Изградени се и водоводи во Драгоманце, Алгуња, Пелинце, Стрезовце, Војник, Челопек, Стрновац и др. Пред крај е и водоводот за с. Младо Нагоричане којшто би се поврзал на регионалниот водовод Старо Нагоричане - Никуљане и би опслужувал околу 2.000 жители, се работи и на изградба на водоводи во населените места Облавце, Жегљане, Степанце и Карловце.
За населените места во коишто сеуште нема изградено водоводи се изработува техничката документација и се работи на одстранување на проблемот со водоснабдувањето. Со водоводите во општината управува ги одржува и раководи ЈКП Козјак.
На територијата на општина Старо Нагоричане нема изградено канализационен систем за фекални и атмосферски отпадни води во ниедно населено место,меѓутоа постои техничка документација за изградба на канализациони системи за населените места Старо Нагоричане и Стрезовце. Населението ги исфрла отпадните води неорганизирано, хаотично и слободно по улиците или речните текови. Септичките јами , кои се користат од населението, не се изградени во согласност со техничките правила и прописи за нивна изградба.
Состојба на електричната мрежа во општината
При крајот на 90-тите години на минатиот век, територијата на општина Старо Нагоричане е стопроцентно покриена со електрична мрежа, со што од тој аспект на сите граѓани им се обезбедени квалитетни услови за живот.
Сообраќај во општината
Општински линиски превоз
На територијата на општина Старо Нагоричане нема потреба за организирање на Општински линиски превоз.
Меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски транспорт
На територијата на општина Старо Нагоричане нема организирано меѓуопштински и меѓународен линиски транспорт, меѓутоа општината се наоѓа во непосредна близина на коридорот 10 и коридорот 8, којшто минува низ територијата на општината. Меѓуопштинскиот и меѓународниот транспорт доколку има потреба се одвиваат од соседните општини.
Аеродроми
На територијата на општина Старо Нагоричане нема изградено аеродроми меѓутоа меѓународниот аеродром во Скопје од општината е оддалечен само 30 Км.
Терминали за утовар и царински терминали
На територијата на општина Старо Нагоричане нема изградено царински терминал ии терминали за утовар, меѓутоа најблиските такви терминали се наоѓаат на само 15 Км од општина Старо Нагоричане.