Име на општината
До 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено с. Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година. Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточна Македонија на територија од 451 km2 во којашто постојано живеат 4840 жители во 39 населени места.
Верски објекти
Територијата на општина Старо Нагоричане располага со огромен број на верски објекти (цркви и манастири). Како позначајни и попознати цркви на општинската територија се:
- Црква Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане потекнува од XI век, возобновена во XIV век (1313 година);
- Манастирската црква Света Богородица во манастир Забел во Старо Нагоричане (1852 година);
- Црка Света Петка во Младо Нагоричане (1682 година);
- Црква Свети Ѓорѓи Победоносец во Младо Нагоричане (XI, XV век);
- Црква Свети Никола во Стрезовце XVII век (1606 година);
- Црква Воведение на Света Богородица во манастир Карпино во с.Орах, XVI век (1592 година);
- Двојна црква во с. Орах Свети Ѓорѓи и Свети Никола, почеток на XVII век;
- Црква Свети Ѓорѓи во Жегљане, крај на XVI и почеток на XVII век и др.









Историја на општината