st

Зебрњак

Во атарот на селото Младо Нагоричане се наоѓа споменикот Зебрњак подигнат во чест на жртвите од Првата балканска војна,загинати на ова место во познатата Кумановска битка 1912 година.Изграден е во 1937 година од сив базалтен камен.Над кружната костурница висока,18.5м се издигала тристрана пирамидална кула висока 30м.,која денеска недостасува.Била разурната за време на бугарската окупација,во 1942 година.По својата архитектура овој споменик бил единствен на Балканот, дело на белградскиот архитект Момир П. Коруновиќ(1883-1969) Прочитај повеќе

st

Костоперска карпа

Локалитетот Жеглиговски Камен или попознат како Костоперска Карпа, се наоѓа 9 км. источно од Куманово.Тоа е импозантна базалтна карпа од вулканско потекло на која постоела населба уште од бакарното време (енеолит, 4-3милениум пр.н.е.), сместена на самото плато на карпата. Археолошки истражувања на енеолитската населба дадоа богат археолошки материјал, особено ќерамика која изобилува со прекрасни садови (особено ефектни се оние во графитна техника и со геометриски мотиви), како и ситна пластика, орудија и слично. Прочитај повеќе

st

Св. Ѓорѓи Победоносец

Во непосредна близина на црквата Св. Петка се наоѓа и оваа црква посветена на Св. Ѓорѓи. Не се знае од кога точно датира црквата, има различни мислењаод 11, почеток на 15 (1407/8г. од време на деспотот Стеван Лазаревиќ), 16 или 17 век. Допрва треба да се конзервира и истражува, и проектот е ставен во програма. Се работи за доста интересен архитектонски објект. Граден е од разнобојни обработени камени блокови од светла до темно окер и жолтеникава боја, долги до 1метар, а во изработка на прозорците и украсите во горните делови е употребена црвеникава тула. Прочитај повеќе

st

Св. Петка

Св. Петка е еднокарабна градба со наос на североисточна страна, одвоен нартекс на западната страна и параклис на јужната страна. Црквата била живописана во 1628 година, веројатно непосредно по изградбата. Градена е од покрупен и поситен камен. Покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Во 2003 година е извршена конзервација на живописот и архитектурата. Карактеристично е што оваа црква нема апсида на источната страна,единствен пример во Жеглигово. Прочитај повеќе

st

Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане

Црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане зазема едно од најзначајните и највисоките места во историјата на средновековната византиска уметност во Македонија. Од првобитната црква на Роман IV Диоген (1068-1071) од IX век се сочувани само ѕидовите на фасадите од тесани камени блокови, до сводовите и еден сосема мал фрагмент од некогашниот фреско-живопис, на северниот ѕид во наосот, како сведоштво за богатото украсување на старата црква. Денешната црква ја обновил српскиот крал Стефан II (1282-1321) во 1313 година. Прочитај повеќе

st

Св. Прохор Пчињски

Испосницата во Старо Нагоричане се наоѓа во непосредна близина на црквата Св. Ѓорѓи, во централниот дел на селото. Изградбата на првобитната црква Св.Ѓорѓи од XI век е поврзана со легендата за пустиножителот Прохор Пчињски, кој живеел во оваа мала пештера. Имено, во жеглиговската област, поточно во близина на селото Старо Нагоричане, византискиот војсководец Роман IV Диоген со својата војска престојувал во овој крај и бил успешен бранител од нападите на Печение. Прочитај повеќе

st

Гео. бања Страновац

Се наоѓа во село Стрновац и оддалечена е 2800 метри од центарот на општината Старо Нагоричане. До неа се доаѓа по асфалтен пат а последните 500 метри се неасфалтирани. На оваа место термоминералните води се појавија со самоизлевање. Некои граѓани ископаа примитивен базен и започнаа во него да се капат. Сега, оваа бања е многу посетена од луѓе од Скопје, Куманово и Кривопаланачки и кратовски села. Овој локалитет му припаѓа на Пчињскиот тектонски ров со терцијарни варовници кои се секундарен колектор за термоминерални води со температура од 39-40 степени целзиусови. Прочитај повеќе

st

Забел

Манастирската црква Св. Богородица се наоѓа на тромеѓата на селата Старо Нагоричане, Челопек и Никуљане, позната како манастир Забел, според шумата во која се наоѓа, а припаѓа во атарот на селото Никуљане. Претставува монументална, токорабна висока градба со една централна осмострана купола и петострана апсида на исток. Изградена е во 1856 година, која е запишана на тамбурот на куполата, од убаво обработени жолти камени блокови. Покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Прочитај повеќе

st

АСНОМ

Новиот Меморијален музеј е изработен според проектот на дипл. инж. архитект Ѓорѓи Константинов, а монументалниот мозаик на фасадата е дело на нашите современи уметници Рубенс Корубин и Илија Пенушлиски.Поставката е направена амбиетално и автентично, како во времето кога се одржало Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година во манасторот Прохор Пчињски. На ова Заседание присустувале 116 делегати од вардарскиот, егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Прочитај повеќе

st

Светиот Даб

Меѓу локалното население постои верување дека ова е свето место и го користат за собори и меѓусебни средби.Верувањето уште вели дека не треба да се кинат гранки и листови од овие дрва.Во поново време се повеќе туристи доаѓаат да медитираат и да вежбаат јога.Според нивните искуства ова место е со силно енергетско поле и набиено со позитивна енергија.На самото место селаните имаат поставено импровизирана маса и клупи за одмор. Прочитај повеќе

st

Кокино

Археолошкиот локалитет ”Татиќев камен” го зафаќа поголемиот рид, кој со својата импозантност доминира над својата околина и селото Кокино во неговото подножје. До него води асфалтен пат кој ги поврзува селата Драгоманце и Арбанашко, денес и двете во рамките на општината Старо Нагоричане. Археолошките истражувања кои започнаа во 2001г. открија многубројни археолошки артефакти кои припаѓаат на т.н. бронзано време во развојот на човековата цивилизација. Прочитај повеќе

st

Карпино

Еден од најстарите сочувани црковни објекти од овој период е манастирската црква “Воведение на Св.Богородица” во с.Сув Орах или попозната како Манастир “Карпино”. По својата архитектонска диспозиција делува како триконхос заради трите конхални апсиди на источната, северната и јужната страна во олтарскиот дел, кои однадвор се правоаголни. Црквата датира од 1592 година од кога е и првобитниот живопис,а вториот слој на живописот е од XIX век, кога црквата е и поправана. Стариот живопис е покриен одозгора со новиот од 1893 година. Прочитај повеќе

st

Двојна црква

Двокорабна црква со две тристрани апсиди на источната фасада. По својата архитектонска градба преставува редок пример а можеби и уникатен на територијата на РМ и пошироко на Балканот. Ентериерот на црквата е поделен со два аркадни премини на јужен и северен кораб. Корабите се засводени со полукружен свод. СЕверниот и јужниот ѕид на црквата е разриган со по три слепи архиволти поврзани со пиластри. Се работи за црква од постар период, односно од крајот на XVI или од самиот почеток на XVII век. Прочитај повеќе

Последни вести

Ѓурѓевденски Собир 2012

news 18.05.2012
Старо Нагоричане
повеќе

Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина

news 23.02.2012
Старо Нагоричане
повеќе

Соопштение за јавна анкета и јавна презентација

news 14.02.2012
Старо Нагоричане
повеќе

Соопштение за стратегиска оцена на животната средина

news 11.01.2012
Старо Нагоричане
повеќе

:: Сите вести
Каталози
MKDRSRUDE
Видео линкови


Архива на вести

Ѓурѓевденски Собир 2012

Старо Нагоричане 18.05.2012
ohri

Традиционалниот Ѓурѓевденски Собир е одржан на 05 мај 2012 година во општина Старо Нагоричане Овој културно-туристички настан, каде традиционално се служи бик на ражен со богата културно уметничка програма, веќе втора година по ред се одржува покрај црквата С.Ѓорѓи. Покрај голем број на посетители, присутни беа и почесните гости, меѓу кои и пратеник на Собрание на РМ – г-дин Иван Стоилковиќ, директор на “ГАМА” – г-дин Горан Стојковиќ, директор на “ЈП Македонски Пошти” – Куманово г-дин Милован Стојковски, како и многу други. КУД “Карпош” покрај присутните жители на општина Старо Нагоричане, со прекрасна изведба ги развеселуваше и голем број на посетители од општините: Куманово, Крато...

Прочитај повеќе

Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина

Старо Нагоричане 23.02.2012
ohri

СООПШТЕНИЕ Се известува заинтересираната јавност дека градоначалникот на општина Старо Нагоричане донесе Одлука за спроведување извештај за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт Урбанистички план вон населено место за стопански комплекс со придружни содржини на КП. 4368, 4369/1, 4370, 4371, 4375/1 и 4375/2, КО Младо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане (15-5/5). Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе биде достапен за јавен увид на интернет страната на општината Старо Нагоричане (www.stn.gov.mk) и во просториите на општината, секој ден од 08.00 до 16.00 часот во текот на периодот за јавен увид. Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението. Јавната расправа по Нацрт изве...

Прочитај повеќе

Соопштение за јавна анкета и јавна презентација

Старо Нагоричане 14.02.2012
ohri

    ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ 1303 Старо Нагоричане  Тел/фах. +389(0)31/495-333 E-mail: stnagor@yahoo.com www.stn.gov.mk СООПШТЕНИЕ Се известуваат граѓаните и заинтересираните лица за Нацрт Локална урбанистичка планска документација за формирање на градежна парцела на К.П. 4353, вон населено место Никуљане за за печатница со администрација на КП. 4353, КО Никуљане, Општина Старо Нагоричане, дека Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане донесе Одлука за организирање на : Ј А В Н А А Н К Е Т А Се известуваат граѓаните на Општина Старо Нагоричане дека во период од 14.02.2012 година до 27.02.2012 година се организира јавна анкета по Нацрт Локална урбанистичка планска документација за формирање на градежна парцела ...

Прочитај повеќе

Соопштение за стратегиска оцена на животната средина

Старо Нагоричане 11.01.2012
ohri

  С О О П Ш Т Е Н И Е Се известува заинтересираната јавност дека градоначалникот на општина Старо Нагоричане донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за Нацрт урбанистички план вон населено место за индустриска зона за месност викано Змејковац, КО Младо Нагоричане и КО Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане (арх.бр 15-1410/1 од 01.12.2011 год.).  Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе биде достапен за јавен увид на интернет страната на општината Старо Нагоричане (www.stn.gov.mk) и во просториите на општината, секој ден од 08.00 до 16.00 часот во текот на периодот за јавен увид. Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението. Јавната ...

Прочитај повеќе

Честитка за престојните празници

Старо Нагоричане 26.12.2011
ohri Poštovani,   Uz želje da Vam predstojeći praznici donesu radost i veselje i da Vas u Novoj 2012. godini prati poslovni uspeh i privatno blagostanje,   Srdačan pozdrav,   Gradonacelnik opstine Staro Nagoricane Dipl.masin.ing. Miodrag Jovanovic  Pocituvani, So zelbi da prestojnite praznici Vi donesat radost i veselba i da vo Novata 2012 godina Ve prati uspeh vo rabotata i blagosostojba na privatno pole, Srdecen pozdrav, Gradonacalnik na opstina Staro Nagoricane Dipl.masin.ing. Miodrag Jovanovic    Прочитај повеќе