st

Зебрњак

Во атарот на селото Младо Нагоричане се наоѓа споменикот Зебрњак подигнат во чест на жртвите од Првата балканска војна,загинати на ова место во познатата Кумановска битка 1912 година.Изграден е во 1937 година од сив базалтен камен.Над кружната костурница висока,18.5м се издигала тристрана пирамидална кула висока 30м.,која денеска недостасува.Била разурната за време на бугарската окупација,во 1942 година.По својата архитектура овој споменик бил единствен на Балканот, дело на белградскиот архитект Момир П. Коруновиќ(1883-1969) Прочитај повеќе

st

Костоперска карпа

Локалитетот Жеглиговски Камен или попознат како Костоперска Карпа, се наоѓа 9 км. источно од Куманово.Тоа е импозантна базалтна карпа од вулканско потекло на која постоела населба уште од бакарното време (енеолит, 4-3милениум пр.н.е.), сместена на самото плато на карпата. Археолошки истражувања на енеолитската населба дадоа богат археолошки материјал, особено ќерамика која изобилува со прекрасни садови (особено ефектни се оние во графитна техника и со геометриски мотиви), како и ситна пластика, орудија и слично. Прочитај повеќе

st

Св. Ѓорѓи Победоносец

Во непосредна близина на црквата Св. Петка се наоѓа и оваа црква посветена на Св. Ѓорѓи. Не се знае од кога точно датира црквата, има различни мислењаод 11, почеток на 15 (1407/8г. од време на деспотот Стеван Лазаревиќ), 16 или 17 век. Допрва треба да се конзервира и истражува, и проектот е ставен во програма. Се работи за доста интересен архитектонски објект. Граден е од разнобојни обработени камени блокови од светла до темно окер и жолтеникава боја, долги до 1метар, а во изработка на прозорците и украсите во горните делови е употребена црвеникава тула. Прочитај повеќе

st

Св. Петка

Св. Петка е еднокарабна градба со наос на североисточна страна, одвоен нартекс на западната страна и параклис на јужната страна. Црквата била живописана во 1628 година, веројатно непосредно по изградбата. Градена е од покрупен и поситен камен. Покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Во 2003 година е извршена конзервација на живописот и архитектурата. Карактеристично е што оваа црква нема апсида на источната страна,единствен пример во Жеглигово. Прочитај повеќе

st

Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане

Црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане зазема едно од најзначајните и највисоките места во историјата на средновековната византиска уметност во Македонија. Од првобитната црква на Роман IV Диоген (1068-1071) од IX век се сочувани само ѕидовите на фасадите од тесани камени блокови, до сводовите и еден сосема мал фрагмент од некогашниот фреско-живопис, на северниот ѕид во наосот, како сведоштво за богатото украсување на старата црква. Денешната црква ја обновил српскиот крал Стефан II (1282-1321) во 1313 година. Прочитај повеќе

st

Св. Прохор Пчињски

Испосницата во Старо Нагоричане се наоѓа во непосредна близина на црквата Св. Ѓорѓи, во централниот дел на селото. Изградбата на првобитната црква Св.Ѓорѓи од XI век е поврзана со легендата за пустиножителот Прохор Пчињски, кој живеел во оваа мала пештера. Имено, во жеглиговската област, поточно во близина на селото Старо Нагоричане, византискиот војсководец Роман IV Диоген со својата војска престојувал во овој крај и бил успешен бранител од нападите на Печение. Прочитај повеќе

st

Гео. бања Страновац

Се наоѓа во село Стрновац и оддалечена е 2800 метри од центарот на општината Старо Нагоричане. До неа се доаѓа по асфалтен пат а последните 500 метри се неасфалтирани. На оваа место термоминералните води се појавија со самоизлевање. Некои граѓани ископаа примитивен базен и започнаа во него да се капат. Сега, оваа бања е многу посетена од луѓе од Скопје, Куманово и Кривопаланачки и кратовски села. Овој локалитет му припаѓа на Пчињскиот тектонски ров со терцијарни варовници кои се секундарен колектор за термоминерални води со температура од 39-40 степени целзиусови. Прочитај повеќе

st

Забел

Манастирската црква Св. Богородица се наоѓа на тромеѓата на селата Старо Нагоричане, Челопек и Никуљане, позната како манастир Забел, според шумата во која се наоѓа, а припаѓа во атарот на селото Никуљане. Претставува монументална, токорабна висока градба со една централна осмострана купола и петострана апсида на исток. Изградена е во 1856 година, која е запишана на тамбурот на куполата, од убаво обработени жолти камени блокови. Покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Прочитај повеќе

st

АСНОМ

Новиот Меморијален музеј е изработен според проектот на дипл. инж. архитект Ѓорѓи Константинов, а монументалниот мозаик на фасадата е дело на нашите современи уметници Рубенс Корубин и Илија Пенушлиски.Поставката е направена амбиетално и автентично, како во времето кога се одржало Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година во манасторот Прохор Пчињски. На ова Заседание присустувале 116 делегати од вардарскиот, егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Прочитај повеќе

st

Светиот Даб

Меѓу локалното население постои верување дека ова е свето место и го користат за собори и меѓусебни средби.Верувањето уште вели дека не треба да се кинат гранки и листови од овие дрва.Во поново време се повеќе туристи доаѓаат да медитираат и да вежбаат јога.Според нивните искуства ова место е со силно енергетско поле и набиено со позитивна енергија.На самото место селаните имаат поставено импровизирана маса и клупи за одмор. Прочитај повеќе

st

Кокино

Археолошкиот локалитет ”Татиќев камен” го зафаќа поголемиот рид, кој со својата импозантност доминира над својата околина и селото Кокино во неговото подножје. До него води асфалтен пат кој ги поврзува селата Драгоманце и Арбанашко, денес и двете во рамките на општината Старо Нагоричане. Археолошките истражувања кои започнаа во 2001г. открија многубројни археолошки артефакти кои припаѓаат на т.н. бронзано време во развојот на човековата цивилизација. Прочитај повеќе

st

Карпино

Еден од најстарите сочувани црковни објекти од овој период е манастирската црква “Воведение на Св.Богородица” во с.Сув Орах или попозната како Манастир “Карпино”. По својата архитектонска диспозиција делува како триконхос заради трите конхални апсиди на источната, северната и јужната страна во олтарскиот дел, кои однадвор се правоаголни. Црквата датира од 1592 година од кога е и првобитниот живопис,а вториот слој на живописот е од XIX век, кога црквата е и поправана. Стариот живопис е покриен одозгора со новиот од 1893 година. Прочитај повеќе

st

Двојна црква

Двокорабна црква со две тристрани апсиди на источната фасада. По својата архитектонска градба преставува редок пример а можеби и уникатен на територијата на РМ и пошироко на Балканот. Ентериерот на црквата е поделен со два аркадни премини на јужен и северен кораб. Корабите се засводени со полукружен свод. СЕверниот и јужниот ѕид на црквата е разриган со по три слепи архиволти поврзани со пиластри. Се работи за црква од постар период, односно од крајот на XVI или од самиот почеток на XVII век. Прочитај повеќе

Последни вести

Ѓурѓевденски Собир 2012

news 18.05.2012
Старо Нагоричане
повеќе

Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина

news 23.02.2012
Старо Нагоричане
повеќе

Соопштение за јавна анкета и јавна презентација

news 14.02.2012
Старо Нагоричане
повеќе

Соопштение за стратегиска оцена на животната средина

news 11.01.2012
Старо Нагоричане
повеќе

:: Сите вести
Каталози
MKDRSRUDE
Видео линкови





ДРАГ ПРИЈАТЕЛЕ,

ДОБРЕДОЈДЕ ВО НАШАТА ОПШТИНА.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО МЕСТОТО КАДЕ СЕКОЈ КАМЕН ИМА СВОЈА ИСТОРИЈА.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО МЕСТОТО КОЕ СО ВЕКОВИ ГО ЧУВАМЕ ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС, ЗА СИТЕ.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ОПШТИНАТА СО ГОЛЕМО СРЦЕ КОЕ Е ОТВОРЕНО ЗА СЕКОЈ ДОБРОНАМЕРНИК.

ДОБРЕДОЈДЕ КАЈ ЛУЃЕТО КОИ СЕКОГОГАШ ЌЕ ТЕ ПРЕЧЕКААТ СО НАСМЕВКА И СРЕДЕЧЕН ПОЗДРАВ.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ОПШТИНАТА КАДЕ СЕ НАОЃААТ КОКИНО, СВЕТИ ЃОРЃИ, СВЕТА ПЕТКА, ЗЕБРЊАК, СВЕТИОТ ДАБ...

ДОБРЕДОЈДЕ И ЗАПАМТИ ДЕКА КОГА ЕДНАШ ЌЕ ДОЈДЕШ, ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ИМАШ ИСКРЕНИ ПРИЈАТЕЛИ.

ДОБРЕДОЈДЕ И БЛАГОДАРИМЕ ШТО И ТИ ОСТАВИ ДЕЛ ОД СВОЈАТА ДУША.

ГРАДОНАЧАЛНИК,
дипл.маш.инж. Миодраг Јовановиќ